Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Љубовен остров“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Славната водителка имаше 40 години.
Веста за смртта ја потврди нејзиното семејство, а Би-би-си пишува дека водителката си го одзела животот.
„Можеме да потврдиме дека нашата Каролин почина денеска на 15 февруари. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти и ги молиме медиумите да не се обидуваат да не контактираат или фотографираат“ стои во соопштението од нејзиното семејство.
Каролин ја водеше и британската верзија на шоуто „Икс Фактор“. Местото водителка на „Љубовен остров “ го загуби откако беше уапсена зошто физички го нападнала своето 13 години помладо момче, Луис Бартон, поради порака која ја нашла во неговиот мобилен.
Водителката требало на 3 март да се појави на суд поради инцидентот.
Каролин се самоубила откако ѝ потврдиле дека нејзиниот случај ќе продолжи.
Но, покрај судската забрана за каков било контакт до судењето, 27-годишниот Луис на Инстаграм објавил нивна заедничка фотографија на Денот на вљубените, само еден ден пред смртта на водителката, во чиј опис порачал:
„Среќен Ден на вљубените. Те сакам.“
FOTO: Instagram/Printskrin
FOTO: Tviter/Printskrin