Актерката Селма Блер открила дека потполно ја избричила главата и се подложила на радикален третман во лекувањето на мултипла склероза која ѝ беше дијагностицирана пред една година.
Тогаш признала дека со години се спрепнувала додека чекорела и дека ѝ испаѓале работи од рацете, но мислела дека едноставно е несмасна. Сега, 47-годишната актерка објавила фотографија од клиниката, на која позира потпрена на количка.
„Нов имунолошки систем“, напишала таа, не откривајќи на какво лекување се подложила. Пред тоа, објавила фотографија на која нејзиниот син ѝ ја сече косата, истакувајќи дека ѝ е жал што поради лекувањето не е сега со него.
Таа фотографија настанала пред еден месец, а во интервју за магазинот „Пипле“ открила дека одлучила да ја избричи главата, бидејќи косата драстично ѝ опаднала. Во тоа ѝ помoгнал синот.
Иако опаѓањето на косата не е симптом на мултипла склероза, тоа е симптом на третманот за таа болест. Блер не открила за кој третман се одлучила, само рекла дека тоа ќе го направи кога ќе „биде подготвена“.
„Ме отпуштаат од прекрасна нега од тим на неверојатни медицински сестри, техничари и лекари кои веруваат во оздравувањето како мене. Ова беше вистински процес. И ќе продолжи да биде. Имунитетот ми е загрозен во следните три месеци. Без бакнежи, ве молам. Сакав да се осигурам дека сите компликации ќе останат моја приватна работа“, напишала актерката.
FOTO: Instagram/Printskrin