Актерката Џејми Пресли (42) изјави дека има „омилено“ дете, предизвикувајќи лавина бесни коментари.
Актерката има три деца, 12-годишниот Дез и едногодишните близнаци Лео и Ленон, но вели дека има „посебна врска која никој не може да ја достигне“ со најстариот син.
Со фотографија со првородениот, таа напиша: „Дружењето со син ми е најдобро време. Да, реков. Имам омилен син иако ги сакам сите три деца со сето свое срце. Јас и Дез имаме посебна врска затоа што заедно пораснавме.“
Фановите се згрозени и и рекоа дека со таков став ќе го уништи животот на нејзините други две деца. Некои ја нарекоа сурова.
„Жал ми е за другите момчиња. Не можам да замислам како се чувствуваат. Ова е срцепарателно“, напишала една жена.
„Мајка ми секогаш имаше фаворит и покрај тоа што никогаш не го кажа тоа. Но, јас секогаш знаев. Драго ми е што не го кажа тоа. Тажно е“, напиша друг искрен обожувател.