Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, во вечерашната дебата во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, му посочи на Кочо Анѓушев, вицепремиерот, дека прави една фатална грешка, односно дека и покрај тоа што е професор и стопанственик тој не знае што значи човечки капитал.
Во однос на зголемувањето на минималната плата, Славески рече дека со зголемување од 2-3 илјади денари на минималната плата, Македонија нема да биде конкурентна со западните држава и нема да го спречи иселувањето на младите.
– Господине Анѓушев, тоа што сте и професор на технички науки и стопанственик не ви помогнало да не ја направите таа фатална грешка да не знаете што е човечки капитал. Овдека не убедувате дека се вложува во човечки капитал. Во човечки капитал не се вложува со зголемување од 2-3 илјади на платата. Вие не можете да се натпреварувате со платите во Германија, што сега ќе зголемите за 50 евра и ова што кажувате дека ќе спречите младите или не знам кој да оди во Германија. Има голем број на други фактори и причини освен платата за одлуката на поединецот дали ќе остане во родното огниште, во домот во кој што може да му помогнат родителите или ќе оди некаде каде што во првата година ќе се разочара и ќе му е срам да се врати во земјата – рече Славески.