Славески: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори. Уставните измени се апсолвирани и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат. Ова вечерва го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии Трајко Славески.

925

Пред седницата на ИК на партијата, Славески рече дека ќе разговараат за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември  или на пролет.

– Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е  подготовка на иновативната програма  со која ВМРО-ДПМНЕ ќе  настапи на  вонредните парламентарни избори макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент. Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, проритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните – изјави Славески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...