Врнежи од снег со слаб интензитет има во Крушево и на планинските превои Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.