Скопје ќе се збогати со неколку нови паркови

479

Денеска, на првиот ден на пролетта, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров.

– Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек – рече денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Деновиве се работи на уредување на новиот парк „Ибни Пајко“ зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје.

На акцијата за засадување дрвја присуствуваа градоначалникот Шилегов, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и голем број ученици од ова основно училиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...