Имплементиацијата на проектот за изградба на станица за третирање на отпадни води во Град Скопје беше тема на состанокот на меѓународни и македонски експерти и претставници од “ЈП Водовод и канализација – Скопје”.
– Oвој проект е од големо значење за градот и истиот ќе обезбеди одржливи услуги за третман на отпадните води за повеќе од 500.000 луѓе, како и усогласеност со директивите на Европската Унија за вода и животна средина и најдобрите меѓународни практики во oваа област, соопшти претпријатието.