Скопје танцовиот театар со овации испратен од Њујорк

227

Скопје танцовиот театар од 15 то 19 август 2018 годинаа, гостуваше на 37-мото издание на најстариот и еден од најпрестижните танцови фестивали во Њујорк, Battery Dance Festival.

Компанијата се претстави со две изведби, на 16 август со короеграфијата „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, на отворената сцена покрај реката Хадсон, а кореографијата „Котел“ на Рисима Рисимкин, беше дел од затворањето на фестивалот на 18 август во Шимел центарот во Њујорк.

Претставите беа примени со воодушевување од њујрошката публика, а танчерите на Скопје танцовиот театар беа испратени со овации од сцената. Ова е прво гостување на македонска танцова група, како и танцова група од целиот регион на фестивалот. На свеченото затоврање, по завршувањето на програмата, Рисима Рисимкин, му врачи златна маска од петтиот век п.н.е. на уметничкиот директор на фестивалот Џонатан Холандер.

– Се вративме исклучително задоволни од настапите во Њујорк, пред извонредна публика и во присуство на уметници од целиот свет. Ова гостување е огромно признание за работата на Скопје танцовиот театар, кој за само седум години од своето постоење, успеа да влезе во највисоките уметнички светски кругови и да гостува на престижни фестивали, на кои за прв пат се претставува Македонија – рече Рисимкин.

Покрај, овие две кореографии, Скопје танцовиот театар за време на своето учество на фестивалот во Њујорк, на Бродвеј одржа и работилница за професионални танчери. Костимите за двете кореографии беа на Благој Мицевски, музиката за „Котел“ е на Тони Китановски, а настапија Адријана Данчевска, Александра Петрушевска, Матеа Киселичка, Анастасија Данчевска, Јована Зајкова, Дејан Битровски, Бобан Русески и Сара Цветковска. Присуството на Скопје танцовиот театар на Battery Dance Festival беше поддржано од Министерството за култура на РМ, Град Скопје, како и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Battery Dance Festival е градски фестивал, исклучително популарен кај њујорчани, кои масовно го посетуваат, па така за време на неговото одржување, во рок од шест фестивалски денови, привлекува преку дванаесет илјади посетители. Концептот на фестивалската програма е да прикаже различни типови на танц од целито свет и присуството на Скопје танцовиот театар е  дел од уметничката програма која годинава опфати танцови компании од Ботсвана, Доминиканската република, Шпанија, Белгија, Шри Ланка, Канада и САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...