Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.
Од МНР за МИА велат дека за промената на името, во најкус можен рок ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, државите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.
По добиената вербaлна нота од Грција дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, Владата во Скопје вчера соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име Република Северна Македонија.
ФОТО: EPA/CYRIL ZINGARO