Скопје домаќин на Светско фудбалско првенство на непризнаени земји

177

Конфедерацијата на независните фудбалски асоцијации (КОНИФА) денеска потврди дека Светското фудбалско првенство на непризнаени земји ќе се игра во Скопје.

КОНИФА објави дека нашиот главен град ќе биде домаќин на нивното фудбалско првенство, кое ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни.

„Не можеме да дочекаме да ги пречекаме сите во прекрасната Македонија!“, стои во соопштението на КОНИФА, која ја сочинуваат територии кои не се признаени ниту од Обединетите нации ниту од ФИФА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...