Скопје доби нови зелени површини

1082

Екипите на Град Скопје изминатиов период хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници, информира Градот.

На булeварот Србија наспроти „Џевахир Скај Сити“ на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад со хидрантска мрежа и 50 прскалки. Со зеленило е уреден и просторот во Ново Лисиче меѓу булеварот Февруарски поход и улицата Тодор Чангов, на површина од 3.635 квадратни метри.

Зазелени и просторот меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во Чаир на површина од 3.590 квадрати, а уреден е и зелен коридор на булеварот 8.Септември во Карпош – на потегот меѓу булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, на површина од 3.479 квадратни метри.

Во текот на изминатите месеци со зеленило беа збогатени јавни површини и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кај „Реплек“; на булеварот Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и во близина на Универзалната сала, како и на просторот зад „Дрводекор“ и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Подигањето и уредувањето нови зелени површини е меѓу приоритетите на Град Скопје. Активностите за уредување на нови зелени плоштади и зелени коридори ќе продолжат и во текот на летово.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...