Скопје викендов домаќин на хокеј турнирот „Ајс Фестивал 2019“

144

На лизгалиштето при А1 Арена Борис Трајковски од утре до недела ќе се одржи седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“.

На турнирот ќе учествуваат екипите на ХК Вардар-Скопје, Македонија јуниори, Торпедо Букурешт (Романија) и Тим Интернешнл составен од хокеари од Европа и од Северна Америка.

Во првото коло утре (13 декември) со почеток од 18:30 часот ќе играат Македонија Јуниори и Интернешнл, додека од 20:30 часот, силите ќе ги одмерат тимовите на Вардар и Торпедо.

Во сабота (14 декември) двојките се:
Македонија Јуниори – Букурешт (почеток 8:30 часот),
Вардар – Интернешнл (10:30)
Букурешт против Интернешнл (15:30)
Македонија Јуниори – Вардар (17:30).

Финалните средби се закажани за в недела од 8:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...