Скопје минатата ноќ беше во врвот на листата на најзагадени градови.
Според „Аirvisual“, македонскиот главен град се најде на петотто место на најзагадени градови во светот. Пред него беа само „конкуренти“ од Индија, Бангладеш и Пакистан. Од европските градови, Скопје беше најзагаден.
Од европските градови високо на листата котираа и Сараево – на 15 место, на 19 Приштина, додека Белград на 28 место.