Триестгодишна скопјанка заработи кривична пријава поради сомнение дека со туѓа платежна картичка направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари.
Скопјанката Ј.И. од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса.
Во соопштението од МВР се наведува дека таа и на 5 септември годинава направила уште една трансакција од 6.000 денари на банкомат во Скопје.