Скопјанка паднала во шахта и тешко се повредила вчера додека се движела по улица на гробиштата Камник.
Случајот го пријавил во полиција нејзиниот сопруг В.С.. Според него, додека со сопругата Г.С. (50) се движеле по улица во кругот на гробиштата Камник, таа паднала во отворена шахта и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.