Скопјанка на возраст од 55 години паднала во автобус „ман“ со скопски регистрации кога возачот при разминување со друго возило ја намалил брзината.
Од падот жената си ја скршила раката во пределот на зглобот и со Итната медицинска помош била пренесена во градската болница „8-ми Септември“.
Настанот се случил во скопско Волково, вчера околу 19 часот.