Во Скопје вчера во 12.45 часот соседката пријавила дека Ф.П.(54) откако се заканила дека ќе се самоубие се заклучила во станот.
Од страна на Противпожарна единица насилно била отворена врата и било утврдено дека Ф.П. испила неодредена количина на солна киселина, а била спречена од полициски службеници да го испие и преостанатиот дел.
Од страна на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.