Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на булеварот Србија, по што 32-годишна скопјанка е повредена и итно е пренесена на Ургентниот центар.
Според информациите на МВР, синоќа во 21.40 часот на крстосницата на булеварите Србија, 12-та Македонска Бригада и 3-та Македонска Бригада во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Скопје и патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.М.И.(32), сопатничка во „тојотата“.
Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во скопскиот Ургентен центар каде и била укажана лекарска помош.