Скопјанка е ранета од куршум додека гледала телевизија

1722
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Скопјанка била повредена од заскитан куршум, вчера во својот дом во населбата Чаир, информираше МВР.

Станува збор за А.Д.(36), која била пренесена во градската општа болница  „Св. Наум Охридски“.

Инцидентот се случил околу 20 часот во куќа на улицата Македонско ккосовска бригада“.

Додека  жената седела во својот дом и гледала телевизија, заталкан куршум поминал низ покривот и ја погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...