Скопјани од утре ќе може да ги користат одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“, информира Град Скопје.
Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на овие игралишта на песок.
Спортските терени Градска плажа „Парк“, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 072/ 258- 441, во периодот од 10 до 23.30 часот.
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.