Скопјани преку социјалните мрежи нудат сместување за членовите на семејствата на повредените во автобуската несреќа која попладнево се слуќи кај Карпалак. Некои од граѓаните кои живеат во близина на болниците каде што се семстени повредените патници ги нудат своите домови за сместување на блиските на повредените.
– Блиску сум до „8-ми Септември“, доколку знаете дека на некои од семејствата на повредение и загинатите им треба привремено да се сместат, пишете ми порака, пишува сограѓанка.