Две лица од Скопје украле околу 1.300 евра од маж на улица во Гостивар претставувајќи му се како просјаци. Гостиварското обвинителство почна постапка против нив за делото тешка кражба.
„Осомничените на 26 февруари 2019 година на улица во Гостивар пресретнале лице кое кај себе во тој момент имало 1.200 евра и 6.500 денари. Притоа му пристапиле како просјаци и од него побарале пари. Оштетениот извадил пари за да им даде, по што тие на дрзок начин му ги одзеле сите пари што тој ги имал кај себе и побегнале. Подоцна биле откриени и фатени, а парите се вратени на оштетениот“, соопштија од обвинителството.
Бидејќи постојат околности очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавен обвинител побарал притвор за двајцата осомничени.