Скопјанец ја удирал партнерката со дрво по глава, со клоци во стомак, а нејзината 3-годишна ќерка ја гризел и ѝ ги ставал рацете на шпорет

1912

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.2 во врска со ст.1 и Запуштање и малтретирање дете по чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 7 јануари, во домот на улицата Вашингтонска во Скопје, при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил жената со која живеел во вонбрачна заедница. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира со тупаници во пределот на лицето, а потоа со дрво замавнал и ја удрил по главата и по телото. Потоа насилно ја турнал на подот и продолжил со клоци да ја удира по стомакот, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Додека жената се обидела да повика помош, тој се приближил кон нејзината тригодишна ќерка и започнал да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да ѝ ги става рацете на шпоретот, со што ѝ нанел тешки телесни повреди.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...