Скопјанец ја расекол сопругата со нож, па ја однел во болница

219

Утринава во 4,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот.

Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на  вчера околу 20 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди.

Потоа Б.А.  со приватно возило ја однел П.В.  во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“  каде веднаш бил извршен оперативен зафат. Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...