Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од село Љуботен, скопско, поради „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик.
– Пред два дена при контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полицијата пронашла и одзеле 100 кутии сецкан тутун со натпис „Greece super kamelia virginia“и 100 кутии сецкан тутун со натпис „Greece tobacco virginija“, или вкупно 120 килограми сецкан тутун без контролни марки. На тој начин пријавениот избегнал плаќање на акциза на која е обврзан со Законот за акцизите, соопшти МВР.