Скопјанец е тешко повреден откако со „БМВ“ излетал од автопатот Скопје – Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 19.40 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај село Добарце, патничко возило „БМВ“, управувано од А.М.(42) од Скопје, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.