Скопјанец тешко повреден по пад од петти кат на зграда во Аеродром

1030
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Чувар вработен во угостителски објект лоциран на скопскиот булевар „Јане Сандански“ во раните утрински часови на 22. октомври во полиција пријавил дека маж паднал од зграда и удрил во тендата на објектот.

Според пријавата на чуварот, инцидентот се случил околу 6 часот и 40 минути, додека тој бил на работното место, а човекот паднал од четвртиот или петтиот кат на зградата.

Екипите за итни случаи констатирале дека повредениот човек е 46-годишниот П.Ј. од Скопје. Тој веднаш бил пренесен во Ургентен центар каде му биле константирани тешки повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...