Oколу 17.45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ непознато лице фрлило со нож кон патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици кое било во движење, а управувано од А.М. (23) кој бил со двајца сопатници М.И. (23) и Б.Н.(22).
Оштетена била задната шофершајбна на возилото а повредени лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.