Скопјанец со „компјутерска измама“ разговори во странство тарифирал како локални

Oд јули до ноември 2019, навлегувал во телекомуникацискиот систем на два телефонски оператора од Р.С. Македонија и ги менувал податоците за започнатите меѓународни повици. А.С. наместо нив креирал нов компјутерски податок, прикажувајќи како да се остварува повик од национален телефонски број од Р.С. Македонија.

1675

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ поднесе кривична пријава против А. С.(47), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

Како што информира МВР, А.С., во својство на управител на фирма од Скопје, потпишал договор со фирма за телекомуникации од Скопје за користење на услуги. Со користење на опремата и софтверот на фирмата за телекомуникации, за која не бил овластен, ниту регистриран за давање на услуги во областа на електронските комуникации, во период од јули до ноември 2019, навлегувал во телекомуникацискиот систем на два телефонски оператора од Р.С. Македонија и ги менувал податоците за започнатите меѓународни повици. А.С. наместо нив креирал нов компјутерски податок, прикажувајќи како да се остварува повик од национален телефонски број од Р.С. Македонија, а така изменетите компјутерски податоци како локални – национални повици, се регистрирале во компјутерскиот систем на оштетените телефонски оператори, со што ги оневозможил да наплатат надомест за терминација на дојдовен меѓународен сообраќај со странски оператор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...