Скопјанец на возраст во 57 години со неговиот автомобил марка „бмв“, удрил во 11 годишно дете-пешак кое со тешки повреди завршило на Детска хирургија во Клиничкиот центар.
Сообраќајната несреќа се случила на улицата Втора Македонска Брига во Скопје, вчера околу 13.15 часот.
Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот.