Скопјанец се шетал со пиштол по Партизанска, малолетник шетал пиштол во кола

352

На Партизанка во Скопје, синоќа во 20 минути по полноќ, бил приведен 26-годишен скопјанец затоа што при претрес кај него бил пронајден пиштол „берета“ калибар 6,35 мм со 15 куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

И шеснаесетгодишник е лишен од слобода откако во неговиот автомобил бил пронајден пиштол.

„Вчера во 22.50 часот на регионалниот пат Гостивар-село Вруток, полициски службеници од полициската станица Гостивар од слобода лишиле 16-годишен малолетник од село Речане, гостиварско, поради тоа што при преглед во возилото „фолксваген голф“, што го управувал, бил пронајден пиштол „бруни 92“ и два куршуми со калибар 7,62 мм“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...