Скопјанец се самозадоволувал во лифт пред девојка

963

Ноќеска, десетина минути по полноќ, во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 25.02.2020 околу 22.00 часот во лифт во зграда на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ едно лице се самозадоволувало пред неа и се обидело да ја повлече до него.

Според пријавеното, таа го оттурнала и успеала да избега кога застанал лифтот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...