Вчера во 10.20 часот на ул.„Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т. од Скопје, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.