
Обвинителството поднесе обвинение против маж од Волково, со предлог за притвор. Тој прво сакал да го задави, а потоа со нож се нафрлил кон татко му.
По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и почнал да замавнува, при што го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото кое му се става на товар или ќе стори ново кривично дело.