На улицата „Среќко Пужалка“ вчера бил пронајден починат 54-годишниот А.А од Скопје, соопшти МВР. Врз починатиот немало траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.