Скопјанец ограбил обложувалница и избегал со службено возило

473

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на ул. „Благоја Стефковски“. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата, со нож во раката влегол внатре и се заканил на еден вработен и на уште едно лице кое во тој момент се наоѓало во објектот. Притоа одзел 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари кои се наоѓале во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Откако го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром.

Со Решение на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му беше определена мерка куќен притвор, а јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на оваа мерка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...