Полицијатта од Струга поднесе кривична пријава против скопјанец на возраст од 52 години и 28-годишник од неготинското село Тремник под сомнение дека сториле седум кривични дела, од кои три – одземање моторно возило, три – тешка кражба и едно – тешка кражба во обид.
Како што информираат од МВР, пријавените ги извршиле делата во Струга во периодот од 3 јули до 25 август годинава.
Тие од дворови на семејни куќи одзеле моторни возила, а тешките кражби ги вршеле во маркети.
На тој начин пријавените предизвикале штета од 569.000 денари.