Скопјанец извршил полови дејствија врз девојче

С.Џ. подоцна е пронајде од полицијата и приведен, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор.

207

Скопјанец кој го бара полицијата за издржување казна затор вчера извршил уште едно дело – полов напад врз 15-годишно девојче.

Полицијата соопшти дека вчера во полициска станица во Струга половиот напад го пријавил таткото на девојчето.

„ С.Ј. синоќа во Полициската станица Струга пријавил дека истиот ден околу 15 часот во куќата на Ф.Н. во тој град каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот скопјанец С.Џ. извршил полови дејствија врз неговата 15-годишна ќерка“, соопшти полицијата.

Сторителот подоцна полицијата го пронашла и привела, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...