Скопјанец за 3.000 евра по мигрант ветил превоз до Белград, ги истоварил на бензинска

Според кажувањата на мигрантите непознатото лице им се заканувало и од секој поединечно зел по 3000 евра за да ги спроведе од грчката граница до Белград Р.Србија. Притоа, истиот ги измамил и насилно ги растоварил во близина на бензинска пумпа во правец на Табановце.

621

Во близина на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце, полицијата завчера утрото фатела група од 13 мигранти од Ирак, без документи за идентификација, од кои деветмина биле мажи, две  жени и две деца. Тие се движеле во правец од Куманово кон патниот премин Табановце. Едно лице кое било дел од групата, наш државјанин и коешто требало да ги смести мигрантите во реонот на село Ваксинце, претходно ги оставило мигрантите и побегнало.

„Со мигрантите е извршен разговор, при што истите изјавиле дека од страна на непознатото лице тие биле транспортирани од јужната граница кон Табановце со патничко моторно возило марка “ауди-А8“. Според нивното кажување непознатото лице им се заканувало и од секој поединечно зел по 3000 евра за да ги спроведе од грчката граница до Белград Р.Србија. Притоа, истиот ги измамил и насилно ги растоварил во близина на бензинска пумпа во правец на Табановце. По превземените оперативни мерки и активности, и извршените проверки констатирано е дека станува збор за лицето Ф.В. (35) од  скопско Студеничани“, соопштија од МВР.

Мигрантите како жртви на криумчарење привремено се сместени во Прифатниот центар за странци -Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...