Е.Ш.(28) од село Марино-скопско вчера бил пронајден застрелан во село Студеничане. Полицијата соопшти дека тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од возило во движење.
На настанот, како што соопшти полицијата,му претходела тепачка меѓу застреланиот и К.А од Студеничане, по која К.А. најверојатно незадоволен од исходот од тепачката, од возило во движење истрелал неколку куршуми во Е.Ш.
Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.