Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава
против Х.И.(23) од Скопје за сторено кривично дело „злоупотреба
на лични податоци“.
На 28.08.2018 година на социјалната мрежа Фејсбук во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33 годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број од истиот, во
прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина.