На крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“,Љ.А.(52) од село Долно Лисиче, скопско, бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал, по што починал на местото, соопшти МВР.
Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.