Скопјанец на возраст од 29 години во полициската станица Чаир, во утринските часови на 3 јануари, пријавил дека истиот ден околу 6 часот во неговиот дом забележал дека неговиот син не дава знаци на живот.
На местото пристигнала Итна медицинска помош, а докторите веднаш констатирале смрт.
Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција на телото.