Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) за објавена содржина на Фејсбук со која повикува на насилство, односно за сторено кривично дело „Загрозување на сигурност“ и „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Како што соопшти МВР, В.Ч. вчера бил повикан во Полициската станица Чаир и од него е одземен мобилен телефон.
-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, наведува МВР.