Скопјанец синоќа останал без автомобил кој тој го оставил да работи и влегол во маркет. Според пријавата во полиција, крадците се две машки лица.
„Сторителите искористувајќи го невниманието на пријавителот кој возилото го оставил да работи и отишол да купи производи од маркет го одзеле истото и го напуштиле местото на настанот“, соопштија од полиција.
Кражбата се случила на булеварот Партизански одреди во Скопје.