Скопјанец влегувал во фирми и крадел од чантите на вработените

227

Кривична пријава е поднесена против 39-годишен скопјанец кој сторил четири кражби во фирми во Скопје и притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 62 илјади денари.

Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Полицијата денеска соопшти дека осомничениот Б.Д. кражбите ги направил во периодот од 30 април до 6-ти овој месец во четири фирми од кои една во централното градско подрачје и три во населбата Чаир.

Кражбите ги извршил така што влегувал во фирмите и откако ќе се уверел дека во канцелариите нема никој, се доближувал до работното биро на кое стоеле чантите на оштетените. Во три случаи одзел паричници, додека во еден случај го отворил работното биро од каде ги одзел парите од дневниот промет и незабележан од никого го напуштил местото на настанот.

Во извршениот разговор, тој во целост ги признал и опишал начините на извршување на кривичните дела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...