Во стан во скопската населба Карпош синоќа бил пронајден починат 64-годишен маж. Во полициската станица Карпош било пријавено дека З. Т. бил најден мртов во својот стан на булеварот Партизански одреди.
Увид на местото извршила екипа од полициската станица Карпош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.