Скопските општини дел од проектот „Европска Зоолошка“

226

Скопските општини се приклучуваат кон проектот „Европска Зоолошка“. Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски ги почна состаноците со дел од градочалниците од скопскиот регион.

Во посета на Зоолошката градина денеска беа градоначалниците на Кисела Вода, Филип Темелковски и на Бутел, Велимир Смилевски. На средбата беше договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование, но и донации потребни за Зоолошка градина Скопје.

– Зоолошката градина е на сите деца, од сите општини. За тие успешно да се едуцираат, ние на општините ќе ги отстапиме двата едукативни центри, кои се целосно опремени за успешна едукација на деца од предучилишна и училишна возраст- изјави директорот Галетановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...