Скопските возачи помалку пијат синоќа полицијата откри само четворица

47 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани.

152

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје од 6 часот вчера до 6 часот денеска спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила, при што е утврдено дека 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани.

Како што соопшти МВР, откриени се и 48 останати прекршоци кои исто така се соодветно санкционирани.

Од 19 часот вчера до 1 часот по полноќ е спроведена контрола за прекршоци на возачи на мотори, при што се откриени 26 прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Исто така се откриени уште и 27 останати прекршоци. Синоќа од 23 часот до 5 часот изутрината е спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што од страна на полициските службеници се констатирани четири прекршоци. Откриени се и 40 останати прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...